Тасески: Toa што го планиравме за оваа сезона, го остваривме!

Во дуелот на двата амбициозни тимови, Охрид славеше против Тиквеш и победнички ја заврши сезоната во суперлигашкиот плеј-оф.

Капитенот на „гладијаторите“, Иван Тасески, е задоволен од сработеното оваа сезона и излезот во Европа, кој вели дека е остварен со помошта на верните „Рибари“.

„Лошо го отворивме мечот, но за брзо се консолидиравме во одбраната и ја преземавме контролата. Со контри и полуконтри дадовме неколку лесни голови го преземавме водството и го одржувавме во текот на целиот меч. Благодарност до навивачката група „Рибари“ за поддршката на сите домашни и гостински натпревари, на сите охридски љубители на ракометот што исто така се со нас. Се надевам дека и следната сезона ќе имаме одлични партии. Тоа што го планиравме за оваа сезона го остваривме и обезбедивме место во Европа“, изјави капитенот Тасески.

Охриѓани сега одат на одмор, а допрва ќе биде познат и планот на подготовките за наредната сезона, во која ќе имаат уште поголеми амбиции.