Ракометарите на Охрид по ремито во Автокоманда и победата над Струга, загубија првпат во суперлигашкото друштво.
Охрид беше поразен во дербито кај Вардар со 33-31, а кружниот напаѓач Иван Тасески ги анализираше причините за загубениот меч.
„Имаше борба од првата до последната минута. Имавме многу промашени зицери, во првиот дел бевме дефокусирани, примавме лесни голови. Во вториот дел заигравме поцврсто во одбраната, имавме доста шанси да израмниме и да го преземеме водството, но одново промашивме зицери, па Вардар водеше до крај. Поголем дел од екипата е нова, ни треба уште време да се воиграме, сметам дека имаме доволно време до главните натпревари во плеј-оф, каде што се надеваме дека ќе котираме високо на табелата“, изјави Тасески.
Во следното коло Охрид ќе гостува на Еурофарм Пелистер 2.
Охрид пружи силен отпор, но Вардар ги собра бодовите од дербито!