Секој бод е значаен во намерата да се стигне до едно од првите две места во групата во Лига Европа, а Вардар сезонава пред домашна публика секогаш победувал. Претходно „црвено-црните“ триумфираа против Валур, а сега во третото коло гостува Порто.
Португалскиот тим беше редовен учесник во Лига на шампионите, а сега игра во Лига Европа. За скопјани важно е да освојат бодови пред домашна публика.
„Нè очекува многу важен натпреварот со Порто за пласман во наредната фаза на ЕЛ. Според сите нас, ова е најважниот меч за нас и единствена опција е да го добиеме. Со победа нема да бидеме сигурно во следна фаза, туку правиме голем исчекор кон нокаут рундата, а тоа е наша цел. Имаме шанси за да ја исполниме целта и покрај повредените играчи. Годинава немаме загубено меч во Јане Сандански и се надевам дека тоа ќе продолжи така“, изјави Марио Танкоски.
Средбата меѓу Вардар и Порто е закажана за утре, 20, 45 часот во СЦ „Јане Сандански“