Селекторот на машката кадетска репрезентација на Македонија, Наум Танески, го објави скратениот список на ракометари пред стартот на ЕП.
Танески ќе смета на 23 ракометари, кои ќе ги стартуваат подготовките на 18 јули в четврток во 10:00 часот.
Сосема извесно, првиот тренинг ќе мине без левиот бек Дамјан Митев и пикерот Самоил Ристевски, кои настапуваат за Македонија на младинското ЕП во Словенија.
По враќањето од Словенија и краткиот одмор, двајцата ќе се приклучат на подготовките за новото големо натпреварување за нив ова лето.
Европското првенство ќе се игра во Црна Гора од 7 до 18 август, а ривали на Македонија се велесилите Германија, Франција и Полска.