Taнески селектира 19 младинци за ЕХФ неделата

Селекторот на младинската репрезентација на Македонија, Наум Танески, го објави списокот на ракометари за претстојната ЕХФ недела.

Танески ќе смета на 19 ракометари за пријателски средби со селекцијата на Словачка, што ќе се играат во Скопје.

Meѓу нив најголем дел се ракометари што настапија на кадетското ЕП во Црна Гора минатата година, но има и неколку нови имиња.

Собирот на ракометарите ќе биде на 27 октомври, а наптреварите со Словачка ќе се играат на 30 октомври од 18:00 часот и 1 ноември од 14:00 часот.