🎥Талески: Имаме нешто во “ракавот”, ќе се обидеме да ја изненадиме Франција!

 

Македонската машка ракометна репрезентација веќе е во Диселдорф каде се подготвува за утрешниот историски натпевар против Франција. “Црвено-жолтите“ ќе ја имаат честа пред 50.000 публика на стадионот „Меркур Шпил Арена“ да го отворат Европското првенство 2024. Противник ќе биде ракометната велесила Франција, против која е тешко да се стигне до позитивен резултат, но македонските ракометари веруваат во чудо. Еден од главните адути на нашиот национален тим е левиот бек Филип Талески, кој најавува беспоштедна борба на теренот. Подготвителниот период е добро искористен за тактички подготовки за следниот противник, а Талески најавува дека со одредени новитети во играта ќе се обидат да го изненадат големиот противник. Целосната изјава на Талески погледнете ја во видео прилогот...