Талески и Бенфика запишаа седма победа по ред

Тимот на Бенфика, каде што игра македонскиот репрезентативец Филип Талески, ја запиша седмата победа по ред во сите конкуренции.

На домашен терен, Бенфика меѓу два дуели во Лигата на Европа, ја совлада екипата на Аванка со 32-28.

Македонскиот лев бек беше меѓу најдобрите стрелци и успеа три пати да ја погоди противничката мрежа.

Бенфика сега е на третото место на табелата во португалскиот шампионат со 23 бода, а следен предизвик ќе биде гостинскиот натпревар кај Белененсес.

Во Лигата на Европа, по двете победи над Кадетен Шафхаузен и Лимож, Талески и неговиот тим ќе играат против Татран Прешов.