Екипата на Бенфика, во која настапува македонскиот интернационалец Филип Талески, денеска дојде до 6-та победа во домашниот шампионат.
Бенфика во натпревар од 8. коло за ривал го имаше незгодниот Агуаш Санташ и успеа да триумфира со осум гола разлика, 38:30.
Талески и неговите соиграчи победата ја обезбедија уште во првиот дел, кој го добија со 21:12.
Македонецот на денешниот натпревар имаше три реализации, а заработи и две исклучувања.
Следен предизвик за Бенфика ќе биде натпреварот против Лимож од 2. коло во Лигата на Европа.