Тимот на Бенфика, каде што настапува македонскиот репрезентативец Филип Талески, ја продолжи победничката серија во португалскиот шампионат.
Бенфика славеше на гостински терен кај Аванка со убедливи 39-25, откако и на паузата имаше плус седум, 22-15.
Македонскиот лев бек постигна два гола на овој дуел, додека крилата Валенсија и Рамел искомбинираа 17 погодоци.
Бенфика сега е прва на табелата со 54 бодови, пред Спортинг Лисабон кој има 52, но и два меча помалку.