Талески без грешка во победата над Лимож, драмата на Исланд без победник

Бенфика на Филип Талески ги освои првите два сезонски бода на европска сцена, откако триумфираше против Лимож со 37:31 во натпревар од 2. коло од Лигата на Европа, a македонскиот репрезентативец имаше 100% реализација, постигна четири гола од четири обиди.

Во групата Ф, во која се наоѓа Вардар, возбудлив натпревар во Лигата на Европа одиграа Валур и Порто, а ниту една од двете екипи не успеа да се израдува на победа, откако големата драма заврши без победник, 27:27 (9:16).

Иако домашниот тим во финишот направи пресврт и се наоѓаше пред освојување на двата бода, сепак, Порто не се предаваше и со голот на Јакоб Микелсен дојде до голем бод. Португалскиот тим на полувреме имаше убедлива предност од 16:9, но во вториот дел целосно потфрли и мораше да се задоволи со реми.

Виктор Сигурдсон со пет погодоци беше најефикасен во домашниот тим, а голманот Бјоргвин Густавсон натпреварот го заврши со дури 19 одбранети удари. Кај Порто се истакна Дајмаро Салина со седум погодоци. Голманот на орто, Себастијан Абрахамсон имаше две одбрани повеќе од Густавсон, односно 21.

Порто е токму следниот ривал на избраниците на Владо Недановски, португалскиот тим во Скопје ќе гостува на 22 октомври во 3. коло од второто по ранг европско натпреварување.

Како што е познато, македонскиот вицепрвак Вардар на гостувањето во Германија доживеа висок пораз од 16 гола разлика, 34:18.

ЛИГА НА ЕВРОПА, 2. КОЛО, РЕЗУЛТАТИ:

Група А
ГОГ – ЛУЦЕРН 39-36
АДЕМАР – ГОРЕЊЕ 32-24

Група Б
ГРАЊОЛЕРС – МОНПЕЛЈЕ 24-28
СИЛКЕБОРГ  – ЗАБЖЕ 30-26

Група Ц
ТАТРАН ПРЕШОВ – КАДЕТЕН 30-39
БЕНФИКА – ЛИМОЖ 37-31

Група Д
ГЛОГОВ – КОНСТАНЦА 37-33
ИШТАД – БИДАСОА 23-29

Група Е
ВОЈВОДИНА – КИЛ 28-32
ТОРЕЛАВЕГА – НЕКСЕ 32-32

Група Г
СЕСВЕТЕ – ТАТАБАЊА 27-31
КАРВИНА – ФЛЕНСБУРГ 31-41

Група Ф
МЕЛСУНГЕН – ВАРДАР 34-18
ВАЛУР – ПОРТО 27-27

Група Х
САВЕХОФ – ТУЛУЗ 31-37
ФХ – ГУМЕРЗБАХ 21-40