Талентот што го посакуваше цела Европа избра: Рогановиќ оди во Гумерсбах!

Германскиот тим Гумерсбах постави нов темел во својата долгорочна стратегија, осигурувајќи го потписот на шведскиот бек-шутер Никола Рогановиќ.

Младиот 19-годишен талент од следната сезона (2026/27) ќе го носи дресот на клубот, со кој потпиша тригодишен договор до 2029 година.

„Никола е огромен талент. Многу сме среќни што играч со негов квалитет се одлучи токму за нас. Совршено ќе се вклопи во тимот и со нетрпение ја очекуваме заедничката иднина“, изјави тренерот на Гумерсбах, Гудјон Валур Сигурдсон.

Рогановиќ доаѓа од тимот на Малме, каде што играше под водство на својот татко, тренерот Зоран Рогановиќ. Минатата година тој ја предводеше Шведска до златото на ЕП за кадети, постигнувајќи 53 гола и освојувајќи ја титулата МВП на турнирот.

Рогановиќ оваа година дебитираше и за сениорската репрезентација на Шведска, постигнувајќи гол против Норвешка, а беше дел и од Ол Стар тимот на СП за кадети во Египет. Во тековната сезона за Малме веќе има 64 гола и 44 асистенции во само осум натпревари.

За неговите услуги се интересираа повеќе европски гиганти, но на крајот тој се реши за Гумерсбах.