Тајник за атмосферата на ЕП: Полна сала, одлично чувство – но со таа во Битола ништо не се мери!

Словенија и покрај тоа што е многу ослабена, запиша три победи во групната фаза на Европското првенство во Данска, Шведска и Норвешка.

На последниот натпревар против Фарски Острови, кој Словенија го доби со 30-27, блескаше средниот бек на Еурофарм Пелистер, Домен Тајник, кој даде пет гола од шест обиди.

Навивачите на Фарските Острови собраа дури 6.500 фанови во „Јунити арената“ во Осло, но атмосферата таму, според Тајник, не може да се спореди со онаа во Битола.

„Полна сала, одлично чувство, но со атмосферата во Битола ништо не се мери. Ако не ја доживееш – не можеш ни да ја замислиш“, истакна Тајник во изјава за „Дело“.

Словенија сега ја очекува главната рунда на ЕП и дуели со Хрватска, Шведска, Исланд и Унгарија.