Maкедонскиот првак Еурофарм Пелистер загуби од Кил со 23-20 во третото коло од Лигата на шампионите, но покажа подобро издание за разлика од претходните натпревари.
Средниот бек Домен Тајник смета дека минатиот дуел против Алборг не беше загубен со реална разлика и дека ова против Кил е вистинското лице на тимот.
„Минатото коло против Алборг 20 минути игравме добар ракомет, но потоа паднавме во некоја криза од која не можевме да извлечеме и загубивме со нереални 15 разлика. Против Кил знаевме дека ќе биде еден силен и тежок натпревар пред полна сала во која може секоја екипа да ја добиеме. Седум-осум нови играчи не може така брзо да се вклопат, но како ќе одминува времето, така се повеќе ќе се воигруваме. Ако продолжиме да играме вака, можеме било кој да го победиме. Сите бевме подготвени за овој натпревар, бевме близу, штета што не победивме, но јасно е дека може да играме во Лигата на шампионите“, вели Тајник.
Следен предизвик за битолчани ќе бидат трите натпревари од домашното првенство, а во ЛШ на 12 октомври му гостуваат на ПСЖ.