Tрагично го загуби животот пред 12 години, но уште го држи рекордниот трансфер во Романија

Ракометарот кој трагично го загуби животот во 2009 година, Маријан Козма од Романија и понатаму го има најголемиот трансфер.

Во 2006 година кога направи трансфер во Веспрем од Динамо Букурешт тој тоа го напарви за сума од 100.000 евра. Тимот од Унгарија мораше да плати бидејќи Козма беше под договор.

И после деценија и пол никој не го надмина ова бидејќи никој не успеа да ги надмине овие бројки така што тој останува сопственик на рекордниот трансфер и понатаму.

Инаку, Козма во третата сезона како член на Веспрем го загуби животот во тепачка во ноќен клуб. Во истата тепачка голманот на Мешков Брест, Иван Пешиќ заработи сериозни повреди, но успеа да преживее и да ја продолжи својата кариера.