Своевремено играше за Вардар, сега гради тренерска кариера

Поранешниот српски репрезентативец и екс ракометар на Вардар, Божидар Надовеза, ќе има нов тренерски предизвик во кариерата.

Тој е нов предводник на тимот на Црвенка, кој се натпреварува во Супер Б лигата на Србија, a тренерската смена доаѓа по трите порази.

Надовеза има 43 години и богата играчка кариера што освен во Србија, ја градеше и во Романија, Македонија, Босна и Херцеговина, како и во Шпанија.

На почетокот на кариерата играше за Југовиќ Каќ и Војводина, па Стеауа Букурешт, Босна Сараево, Бенфика, пред да дојде во Вардар. Во „црвено-црниот“ тим одигра една сезона кога Вардар во Купот на победниците на куповите стигна до полуфиналето во 2010/11 и играше против Гумерсбах.

Тогаш Надовеза беше меѓу најдобрите стрелци во Вардар и успеа да постигне 40 погодоци. После Македонија играше Црвена Ѕвезда и Војводина, како и за шпанската Хелветиа Анаитасуна, а тренерската кариера ја почна во Херцеговац.