Своевремено бранеше за Пролет, сега го засили Татран Прешов

Црногорскиот чувар на мрежата Данило Михаљевиќ од претстојната сезона ќе има нов предизвик во кариерата.

Некогашниот голман на Пролет потпиша договор со словачкиот шампион Татран Прешов на две сезони и ќе остане најмалку до 2027 година.

Михаљевиќ ја започна кариеата во Партизан Тиват, играше за Ловќен, а потоа започна со интернационалните предизвици.

Го бранеше голот на хрватскиот Пореч, српскиот Железничар, косовската Беса, полската Пјотрковија, португалската Виторија па дојде во Пролет каде се задржа две сезони.

Потоа се пресели во романскиот Васлуи, каде мина една сезона, а во Татран Прешов ќе го замени легендарниот Игор Чуприна, кој реши да ја заврши кариерата.