Некогашната голманка на Вардар, Маиса Песоа, во новата сезона ќе има нов предизвик во кариерата.
Таа потпиша за тимот на Сен Аман и по настапите за Иси Париз, ова ќе биде втор клуб од Франција за Бразилката.
Бразилската интернационалка минатите две сезони ги мина во Скандинавија и бранеше во данскиот Хорсенс и норвешката Сола.
Песоа бранеше за рускиот Динамо Волгоград, па дојде во ЧСМ Букурешт, со кој стана и европски првак во 2016 година.
Потоа се пресели во Вардар, но остана само една сезона пред да замине во Ростов Дон, каде имаше одлични партии.
По заминувањето од Русија играше за романската Дунареа Браила, додека лани реши да замине во Скандинавија.