Некогашната ракометарка на Кометал Ѓорче Петров, Гонџа Нахчиванли, оваа сезона стана предводник на машката екипа на Гоцтепе.
42-годишната Турчинка ја заврши играчката кариера во 2017 година во дресот на нејзиниот матичен клуб Измир, беше дел од тренерскиот штаб на женската екипа, а потоа стана тренер и на машката екипа од Измир.
Нахчиванли беше дел од поранешниот европски шампион две сезони, од 2005 до 2007 година, кога во екипата настапуваше и незјината сонародничка Јелиз Озел.
Покрај за Измир и Кометал ЃП, кое беше единствено интернационално искуство за Нахчиванли, таа играше за Анадолу Универзитет, Турк Телеком Анкара, Генчлик и Муратпаша.