Женската репрезентација на Македонија во април ќе бие завршните битки за пласман на ЕП 2026.
На 8 април, светскиот вицепрвак Германија ќе гостува во Македонија, а РФМ го избра Скопје за град-домаќин и СЦ „Борис Трајковски“ каде што ќе се игра овој дуел.
Избраничките на Кристијан Грчевски во моментов се на третото место и остануваат со шанси за пласман на континенталниот собир и од оваа позиција – повеќе детали ТУКА.
Натпреварот меѓу Македонија и Германија е закажан за 18:00 часот во СЦ „Борис Трајковски“ на 8 април, а потоа останува уште гостувањето кај Словенија на 12 април.
Секој гол ќе биде злато вреден – eве како котира Македонија на патот кон ЕП!
























