Сведоштво за последниот ден на Кокшаров: Се смееше многу, беше најдобрата верзија од себе…

Некогашниот директор и тренер на Вардар и ЖРК Вардар, легенда на рускиот и европскиот ракомет, Едуард Кокшаров, почина ненадејно на 51-годишна возраст.

За последниот негов ден сведочеше средниот бек на Мешков Брест, Марко Матијашевиќ, во изјава за „Екипа 24“.

Кокшаров не се појавил на утринскиот тренинг во Минск, каде ракометарите на Мешков Брест се наоѓале на мини подготовки. Потоа ја дознале лошата вест.

„Последниот тренинг со Кокшаров помина сосема нормално, работевме интензивно и ништо не навестуваше дека нешто вакво може да се случи. Атмосферата беше добра, како и секогаш фокусирани бевме на обврските и на следните натпревари. Беше навистина во својата најдобра верзија. Можеби душата веќе знаела…Имавме одличен тренинг, атмосферата беше навистина позитивна, а тој беше постојано насмеан, толку насмеан одамна не сме го виделе.. Следното утро го чекавме на тренинг, но тој не се појави“, вели Матијашевиќ.

Денеска ќе се одржи простувањето со Кокшаров во Минск, а погребот ќе се одржи на 4 април во неговиот роден град во Русија, Краснодар.

Тажна вест од Русија – почина Едуард Кокшаров

Вардар се прости од Кокшаров: Остави големо ракометно наследство и спомени што ќе траат