Суперлигашкo дерби во Битола: Еурофарм Пелистер го пречекува залетаниот Охрид

Денеска во Битола ќе се одигра дерби дуелот од 7. коло од суперлигашката конкуренција меѓу Еурофарм Пелистер и Охрид. Ракометарите на Охрид, моментално, имаат максимален ефект, додека битолчани на шест натпревари успеаја да обезбедат пет победи, загубија само на гостувањето кај Вардар.

За двата тима средбата има големо значење. За домаќините да се вратат на врвот, а за гостите секој бод значи и останување во трката за висок пласман, па дури и мешање во борбата за титулата.

Тренерот на Еурофарм Пелистер, Бранко Ангеловски, ги истакна своите очекувања за денешниот дуел со „гладијаторите“.

,,Се уште не се средени впечатоците од натпреварот кој го одигравме со екипата на Спортинг Лисабон, а веќе во недела не очекува значаен натпревар од домашното првенство против екипата на Охрид во Битола. Ни доаѓа екипа со досега 6 победи, но ние ќе дадеме се од себе и на овај натпревар да забележиме победа. Натпреварот кој добро го одигравме против Спортинг треба да биде насока како да играме на секој следен натпревар, како и во домашното првенство така и во Лига на шампиони, вели Бранислав Ангеловски, тренерот на битолскиот тим”, изјави Ангеловски.

Десниот бек на Еурофарм Пелистер, Павле Петровиќ, вели дека знаат се ривалот.

,,Имаме многу кратко време да се подготвиме за натпреварот со Охрид, но така е во текот на целата сезона кога се играат натпревари напоредно за Лига шампиони и домашното првенство, напорно е да се игра среда-сабота. Се подготвуваме и тренираме силно и продолжуваме во истото темпо како против Спортинг. Одиме на победа со Охрид и така ќе биде до крајот на сезоната. Што се однесува до екипата на Охрид тие ни се позната екипа поради тоа што од ланската сезона имаат голем број исти играчи и затоа немаме некои тајни меѓусебе. Знаеме со кој играме и знаеме како да се подотвуваме. И секако одиме на победа да запишеме нови бодови“, изјави Петровиќ.

Стевче Алушовски фаворитската улога за денешното дерби им ја препушта на битолчани.

,,Ние се подготвуваме, го анализираме тимот, се подготвуваме како за секој натпревар, ние имаме наша игра, ќе се обидеме да се претставиме во најдобро светло, доколку е тоа доволно да победиме, ќе победиме, ние немаме што да загубиме, притисокот и фаворитската улога се на страната на Еурофарм Пелистер, пак ќе кажам, ќе се обидеме да се претставиме во најдобро светло, доколку е тоа доволно да изненадиме, зошто да не. Екипата која ќе направи голем број технички грешки нема шанса за победа, пред се, играта во одбрана е она што секој тренер ја практикува, од одбрана брза транзиција и лесни голови, која екипа ќе одигра подобро во одбраната и која екипа ќе има поголема желба за докажување ќе има поголеми шанси за победа. Фокусираноста на играчите, малиот број на технички грешки и желбата за играта во одбрана ќе бидат пресудни на овој натпревар. Еурофарм Пелистер е екипа која игра во ЛШ, но се фаворити на овој натпревар”, вели Алушовски.

Капитенот на Охрид, Иван Тасески, смета дека мора да се запре брзиот центар и транзицијата на битолчани, да се игра добра одбрана и вели дека нема да се оди со ‘бело знаме’ во Битола.

„Сигурно нема да одиме во Битола со ‘бело знаме’ и да се предадеме од стартот. Одиме кај шампионот на Македонија и ќе дадеме се од себе за да одиграме добар натпревар, а доколку ни се пружи некоја шанса ќе гледаме да ја искористиме. Мораме да играме добра одбрана, да ги запреме нивниот брз центар и транзиција, а не смееме да правиме ниту технички грешки“, изјави Тасески.

Натпреварот е закажан во спортската сала „Боро Чурлевски“, со почеток од 18:00 часот.

ПозЕкипаНПРЛБ.
1АЛКАЛОИД770014
2ОХРИД760112
3ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР760112
4ВАРДАР 1961760112
5БУТЕЛ74038
6ПРОЛЕТ72236
7ТИКВЕШ 201472145
8ПРИЛЕП72145
9КУМАНОВО72054
10СТРУГА72054
11БИСИНОВ Ф. Л.71062
12РАДОВИШ70070

Петровиќ: Нема тајни меѓу нас и Охрид, одиме по нови бодови

Ангеловски пред дербито на колото: Ја имаме насоката како треба да играме против Охрид

Тасески: Не одиме со „бело знаме“ во Битола

Алушовски: Притисокот и фаворитската улога се кај Еурофарм Пелистер, ние немаме што да загубиме