Последниот патник во Супер лигата за следната сезона ќе биде познат в недела, кога ќе се одигра баражот меѓу Еурофарм Пелистер 2 и Радовиш.
Натпреварот меѓу третопласираниот тим од суперлигашкиот плеј-аут и второпласираната екипа од прволигашкиот плеј-оф е закажан за 9 јуни од 16:00 часот.
Местото на одигрување на средбата Еурофарм Пелистер 2 – Радовиш е во салата во Автокоманда во Скопje.
Младите пелистерци последните неколку сезони беа редовни членови на плеј-офот, но сезонава ќе мора преку бараж да го сочуваат суперлигашкиот статус.
Радовишани, пак, ќе имаат шанса, по една сезона пауза и настап во Првата лига, одново да се вратат во друштвото на најдобрите.