Супер Куп натпреварот меѓу македонскиот шампион и освојувачот на Куп трофејот, ќе се одигра во СЦ „Борис Трајковски“.
Според информациите на 24Ракомет, Скопје и салата СЦ „Борис Трајковски“ ќе бидат домаќини на шампионот Еурофарм Пелистер и тимот од Автокоманда, кој славеше на Ф4 во Купот на Македонија.
Засега како термини се споменуваат 4 или 5 септември, пред стартот на сезоната во суперлигашката конкуренција.
Еурофарм Пелистер, веднаш потоа ќе ги започне и натпреварите во Лигата на шампионите со гостување во Париз кај ПСЖ.
Минатата сезона, Супер Куп натпреварот се играше во Струмица во салата „Парк“, а Вардар го освои трофејот со триумфот над Еурофарм Пелистер.