Судијки од Аргентина за последниот меч на Македонија на СП

Светската ракометна федерација ги одреди официјалните лица за полуфиналните средби и натпреварите за пласман на Мундијалот за младинци во Полска.

На последниот натпревар на Македонија на СП 2025 против САД ќе делат правда судијки од Аргентина.

Станува збор за Маријана Гарсија и Марија Паолантони додека делегати на овој натпревар ќе бидат Марек Горалчук од Полска и Зузана Фулеова од Словачка.

Натпреварот меѓу Македонија и Бразил се игра во салата „Легионов“ во Келце со почеток од 18:30 часот.