Судиите што го судеа финалето на СП 2025 доаѓаат во Битола!

Европската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за натпреварите од третото коло во Лигата на шампионите.

Македонскиот првак Еурофарм Пелистер игра важен натпревар на домашен терен против ГОГ Гудме, а ЕХФ делегираше судии од Шпанија.

Станува збор за Андреу Марин и Игнасио Гарсија, додека делегат на овој дуел ќе биде Словенецот Томо Водопивец.

Шпанските арбитри го судеа финалето на Светското првенство 2025 во кое играа Данска и Хрватска.

Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и ГОГ Гудме ќе се игра в среда во салата „Боро Чурлевски“ со почеток во 20:45 часот.