Судиите Кркачев и Колевски рекоа „доста е“!

Македонските судии Сашо Кркачев и Ѓоко Колевски, решија да стават крај на својата судиска кариера. Ненадејно, и со писмо упатено до РФМ и до медумите. Ја кажаа и прилината поради која се откажуваат од делењето на правдата на ракометните терени.

Откажувањето доаѓа токму во периодот кога се одржува Ф4 турнирот во Купот во машка и женска конкуренција. Двојката лани го судеше финалниот меч.

Во писмото до РФМ и медиумите с евели:

Поради сите актуелни заткулисни игри, исполнување на желби на сите клубови, константно понижување на судиската фела, а посебно на нас како долгогодишна судиска двојка која зад себе има незанемарлив број на меѓународни натпревари и европски првенства, а да не збориме колку дерби натпревари што ги решавале првенствата и куповите на Македонија………….. не можејќи веќе да трпиме неправди и понижување во нешто што пола живот имаме вложено со срце и љубов, решивме неотповикливо да се повлечеме и да ставиме крај на нашите кариери, несакајќи да допринесуваме и учествуваме во нешто што веќе не личи на спорт и далеку е од фер плеј.