Светската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за натпреварите од првото коло од главната рунда и Президент Купот на Мундијалот за младинци во Полска.
Македонската репрезентација оди на мегдан на Мароко, а ИХФ за оваа средба делегираше судии од Унгарија.
Станува збор за Криштоф Алтмар и Мартон Хорват, кои ни судеа и на првиот меч против Фарски Острови, додека делегати на овој дуел ќе бидат Хенрик Макинен од Шведска и Јута Ерман од Германија.
Натпреварот меѓу Македонија и Мароко се игра денеска во „Арена Катовице“ со почеток од 11:45 часот.