Европската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за натпреварите од 11 коло во Лигата на шампионите.
На важниот натпревар за македонскиот првак Еурофарм Пелистер против Висла Плоцк ќе има арбитража од Литванија.
Станува збор за судиите Томас Барисас и Повилас Петрусис, кои ќе ја делат правдата, а делегат на овој дуел ќе биде Јири Конечни од Чешка
Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Висла Плоцк се игра вечерва во салата „Боро Чурлевски“ со почеток од 20:45 часот.
























