Светската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за натпреварите од главната рунда и Президент Купот на Мундијалот за младинци во Полска.
За натпреварот меѓу Македонија и Мексико делегирани се судии од Јапонија – Хидеки Фурукава и Мурата Тецуро.
Делегати на ИХФ на овој дуел ќе бидат Цезари Кулеша од Полска и Зузана Фулеова од Словачка.
Натпреварот меѓу Македонија и Мексико се игра во „Арена Катовице“ со почеток од 14:00 часот.