Европската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за натпреварите од квалификациските турнири за пласман на кадетското ЕП 2026.
Македонија ќе игра во Луксембург, против домаќинот, како и против селекциите на Финска и Грција.
ЕХФ делегираше судии од Португалија и Холандија. Станува збор за Кломперс и Стобе, односно Ксавиер и Браганка, додеке делегатка на сите натпревари ќе биде Бранка Мариќ од Србија.
Македонија утре ги стартува квалификациите против Финска, додека в сабота и недела ќе игра против Грција и Луксембург.

























