Судбината со друг план – требаше да се врати по шест години во репрезентацијата, ама…

Левото крило Јери Толбринг сепак нема да се врати во националниот тим на Шведска на Европското првенство.

Тој ги напушти подготовките на Шведска пред стартот на ЕП поради повредата на мускулот на ногата.

Селекторот Микаел Апелгрен веднаш повика замена и членот на Малме, Феликс Монтебови ќе му прави друштво на Хампус Ване на левата крилна позиција.

Толбринг беше дел од репрезентацијата последен пат на ЕП 2020, а оваа сезона игра во одлична форма за данскиот Есбјерг.