Екипата на Стружанка предводена од Далипоска Мендувие, стигна до 6-ти сезонски триумф, откако во Битола кај Пелистер триумфираше со 29:22 во натпревар од 10. коло во единственото женско сениорско натпреварување.
Стружанка со новите освоени бодови останува да се бори за место меѓу најдобрите пет екипи на табелата. Моментално, тимот на Стружанка на свое конто има 19 бода, додека битолчанки остануваат на 13.
Во Битола се беше решено уште во првиот дел, во кој гостинките одиграа фуриозно и на полувреме заминаа со предност од 16:9. Овие седум гола позитива беа доволни за Стружанка да ја обезбеди победата, бидејќи немаше поголема промена на резултатот во вториот дел.
Одлична партија на теренот имаше Мендувие Далипоска, која постигна 11 погодоци, по пет реализираа Бојана Јованоска и Маја Раткушиноска.
Кај Пелистер се истакнаа Кристина Наумовска со шест и Анастасија Дамјановска со пет погодоци.