Стружанка славеше под Марковите Кули

Ракометарките на Стружанка победнички го започнаа настапот во вториот дел од сезоната, откако во натпревар од 14. коло славеа на гостувањето во Прилеп кај Деспина со два гола разлика, 20:18.

На почетокот гостинките имаа предност, потоа Деспина за момент ја презеде контролата и до 15 минута беше во водство.

По нерешените 7:7, гостинките постигнаа три гола во низа и на пауза заминаа со позитива од 10:7.

Домашниот тим во вториот дел даде сѐ од себе за да се врати во игра, но никако не можеше да дојде до израмнување, заостануваше на еден до два гола.

Најефикасни во победничката екипа со по пет погодоци беа Ивана Затуроска и Елена Балоска.

Во тимот на Деспина прво име беше Сања Цветкоска со шест погодоци, солидна беше и Ангела Камческа со пет реализации.

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЧАИР880024
2АСТИБО850315
3СКОПЈЕ841313
4МРК ЃОРЧЕ ПЕТРОВ82157
5СТРУЖАНКА80080