Ракометарките на Стружанка ја забележаа третата победа во прволигашката конкуренција, откако славеа на домашен терен против Јехона со 25-11.
Ова е втора победа за Стружанка во меѓусебните дуели, бидејќи во втората рунда славеа против гостиварчанки на нивен терен.
Домаќинките ја најавија победата уште по првиот дел кога водеа со 12-8, а на стартот на вториот дел со серија од шест гола за 18-8 го решија прашањето на победникот.
Голманките Митоска, Илиоска и Дуновска имаа одлична партија на голот на домаќинките, а најдобар стрелец беше Маркоска со шест гола. Во составот на Јехона, Хасани се истакна со четири погодоци.
Стружанка е петта на табелата со шест бодови, додека Јехона останува на шестото место со два бода. Во следното коло Јехона ќе игра дома со Шампион, додека Стружанка ќе гостува кај Овче Поле СУ во Свети Николе.

























