Стружанка и со десет ракометарки го освои Гостивар

Ракометарките на Стружанка стартуваа победнички во новата сезона од прволигашката конкуренција кај дамите.

Стружанка славеше на гостински терен во Гостивар кај новакот Јехона со седум погодоци разлика, 25-18.

Предводнички на гостинскиот состав беа Јана Петреска со осум и Маја Раткушиноска со седум погодоци.

Иако Стружанка имаше во составот само десет ракометарки, сепак успеа да стигне до убедлив триумф.

Кај Јехона, Алтина Хасани имаше седум гола, додека шест пати во мрежата на гостинките се запиша Сара Премческа.