Стружани „запалија мотори“

Ракометарите на Струга означија старт на подготовките за претстојната сезона во суперлигашкото друштво.

Со неколку нови имиња во ростерот и во исчекување на новиот стратег, тренерот на младинските категории Жарко Ферукоски ја изврши прозивката.

Стружани го задржаа најголемиот дел од ракометарите од минатата сезона, нови ракометари се Стефан Атанасовски, Александар Ѓурѓевиќ, Наум Костов…а до официјалниот старт на сезоната сигурно ќе има уште неколку засилувања.

Струга ќе се подготвува на домашен терен, а главните тестови пред официјалните натпревари ќе бидат натпреварите на Струшкиот турнир од 13 до 16 август.