Тимот на Струга донесе ново засилување пред стартот на претстојната сезона во суперлигашкото друштво.
Станува збор за левиот бек од Црна Гора, Богдан Мијушковиќ, кој доаѓа од Еурофарм Пелистер, откако настапи за битолскиот тим на Струшкиот турнир.
Струга за Мијушковиќ ќе биде трет интернационален предизвик, откако младиот ракометар неколку сезони го носеше дресот на Добова од Словенија, екипа со која настапуваше во најквалитетното словенечко натпреварување.
Новиот член на стружани во својата кариера има настапувано и за црногорскиот клуб Морнар и ги има минато сите младински категории во црногорската репрезентација.
Претходно Струга го донесе босанскиот кружен напаѓач Никола Летиќ, а наскоро се очекува промоција и на новите имиња.