Стружани го совладаа Аеродром и се многу блиску до плеј-офот

Екипата на Струга на гостувањето во Скопје кај Аеродром запиша важен триумф од 31:25 во натпревар од 7. коло од суперлигашката конкуренција. Клучен момент за победата на Струга беше периодот од 40 до 50 минута кога беше скршен отпорот на домаќинот, кој се покажа во солидно светло во првото полувреме, но во вториот дел пресуди големото искуство на гостите.

Струга со новите освоени бодови веќе се наоѓа со една нога во плеј-оф фазата, сега на свое конто има 12 бодови, додека дебитантот остана на 9 бода и со теоретски шанси за место меѓу најдобрите четири во групата А.

Гостите од Струга со голот на Бугариновиќ го отворија резултатот, поведоа со 1:0 на почетокот на средбата. Аеродром се покажа како незгоден ривал и во текот на цело прво полувреме успешно им парираше на гостите, па така резултатот најчесто беше нерешен. Највисоката предност на стружани во првото полувреме беше три гола разлика. Оваа позитива на гостите само во два наврати беше поставена на семафорот (14:11 и 15:12).

Сепак, Ааердром имаше неколку расположени ракометари за игра, Костов и Трифуноски го одржуваа домаќинот во игра и беа меѓу најзаслужните што резултатот на пет минути пред крајот беше 11:11. Двете екипи на моменти имаа пад во играта, но во желбата да го покажат најдоброто од себе грешеа во нападот. Избраниците на Наум Танески беа поконкретни во финишот од првиот дел и на пауза заминаа со активен резултат пд 15:12.

Првиот гол во вториот дел беше постигнат во 34 минута кога Бугариновиќ имаше успешна реализација за 16:13. Струга ја подобри одбраната и реализацијата и во десет минути од второто полувреме одржуваше резултатска предност од два до три гола разлика. Во 40 минута резултатот беше 20:17 во корист за гостинскиот табор.

Аеродром како да подзастана во периодот од 40 до 50 минута, голманот на Струга, Дејан Рикановиќ фати неколку топки кога се „кршеше“ резултатот и гостите во 45 минута ги имаа дотогаш највисоките плус шест разлика, 24:18. Во тој момент беше и скршен отпорот на домаќинот, кој остана без сили за надигрување. Последните десет минути минаа во целосна доминација на Струга која со денешниот триумф е многу блиску до посакуваната цел – обезбедување пласман во плеј-оф фазата.

Кај победничката екипа со по шест погодоци најефикасни беа Мерис Бошњак, Јовица Младеновски и Тодор Јанкуловски. Во поразениот табор се истакна Наум Костов, кој воедно беше и најефикасен на средбата со 12 реализации.

ПозЕкипаНПРЛБ
1АЛКАЛОИД11110033
2ВАРДАР 196111100130
3ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР1190227
4ОХРИД1180324
5БУТЕЛ1160518
6ТИКВЕШ 20141151516
7ПРОЛЕТ1142514
8ПРИЛЕП1141613