Струга отсекогаш важела за расадник на ракометари, и од овој град секогаш има репрезентативци во сите категории.
Најново име меѓу ракометарите на кои им се предвидува блескава иднина е десното крило Војо Клењоски, кој дебитираше за првиот тим на официјален натпревар.
Тренерот Наум Танески му даде минутажа на дуелот меѓу Струга и актуелниот вицепрвак од Супер лигата, па Клењоски дебитираше со само 13 години во елитната конкуренција на Македонија.
Тој настапи и на некои од натпреварите на минатото издание на Струшкиот турнир, но сега за првпат го почувствува суперлигашкиот предизвик.
Оваа сезона Струга игра со многу млади ракометари во својот ростер и шанса за настап добиваат Велјаноски, Мечкароски, Ѓорѓиески…