Струмица останува без клуб – Астраион се откажа од Првата лига!

Првата лига претстојниот викенд ќе стартува со една екипа помалку, откако од натпреварувањето се откажа екипата на Астраион.

Струмичани немаат доволно ракометари на располагање, се уште немаат почнато со тренинзи и логичен след на настаните беше да се откажат од играње.

За овој потег допрва треба да ја информираат Ракометната федерација на Македонија, прволигашката кокунреција би требало да продолжи со 13 екипи и екипата на Младост Богданци која требаше да игра со Астраион во првото коло ќе биде слободна.

Астраион долги години опстојуваше во прволигашката конкуренција, беше дел и од Супер лига една сезона, но ова е уште еден удар за струмичкиот ракомет по распадот на некогашните Супера, Зомимак, Струмица…

Првата лига стартува следниот викенд на 13/14 септември.