Струга го задржа пивотот – нов договор за Филип Пајкоски

Тимот на Струга, кој преку бараж го обезбеди опстанокот во Супер лигата, ја продолжи соработката со уште еден ракометар.

Станува збор за кружниот напаѓач Филип Пајкоски, кој се обврза на нова верност и ќе игра за Струга наредната сезона.

Пајкоски има големо суперлигашко искуство, а освен за матичниот клуб играше и за Аеродром и Прилеп.

Претходно стружани ја продолжија соработката и со еден од најдобрите стрелци – левото крило Ненад Костоски.