Струга со победа ја заврши сезоната – и го доби Олег Јорданов

Екипата на Струга со триумф, 29-26 (16-13) против Прилеп ја заврши сезоната, но за тимот покрај Езерото останува уште еден многу важен дуел – оној за останување во елитата. како петтопласиран тим во плејаутот, стружани за да останат и в година во Супер лигата ќе мора да играат дуел на неутрален терен против Мулти Есенс.

Средбата против Прилеп немаше резултатско значење за двата тима. Можеби повеќе имаше за Струга во однос на задржување на ритамот, добрата атмосфера, но ќе треба уште една недела да бидат во неизвесност.

Добра вест за Струга е што конечно го добија Олег Јорданов, кој беше најпрецизен стрелец со 10 гола. Дојде на полусезона во Струга од Автокоманда, но немаше можност д аги покаже своите квалитети бидејќи не беше целосно опоравен од повредата. Со „десетката“ потврди дека неговата рака има квалитет, кој и во иднина ќе биде видлив.

Мечот се играше во Струга, бидејќи екипите ги заменија домаќинставата на почетокот на сезоната, па сега Струга пред домашна публика ја заврши сезоната. Од почеток до крај имаше водство, и немаше дилеми како ќе заврши средбата.

Кај побендичкиот тим освен Олег Јорданов кој даде 10 гола, се истакна и Ненад Костоски со 7 гола. Во тимот на Прилеп најпрецизни беа АЛександар Тренчески со 6 гола и давод Трајкоски со 4.