Тимот на Струга полека го склопува играчкиот мозаик за претстојната сезона, а во ростерот ќе има и тројца млади ракометари.
Тие доаѓаат од школата на Динг, а станува збор за Маријан Верушески, Јордан Танаскоски и Марко Танаскоски.
Претходно стружани ја продолжија соработката со Дамјан Тутенкоски, Војо Кљеноски, Ненад Костоски и Филип Пајкоски, а се засилија со Наум Костов.
Од тимот заминаа Александар Стојков, кој се пресели во Куманово, Ангел Кленкоски, како и Црногорецот Богдан Мијушковиќ.