Иако сезоната веќе започна, се одиграа седум суперлигашки натпревари, екипата на Струга реши да се поднови и да донесе интернационалец во своите редови.
Нов член во тимот на Наум Танески е 20-годишниот ракометар од БиХ, Амар Грачиќ, кој игра на позицијата десен бек и кој во редовите на Струга пристигна од Маглај.
Освен на позицијата десен бек, младинскиот репрезентативец на БиХ може да одигра и на позицијата денсо крило, па така тренерот Танески ќе има поширока опција на располагање.
Младиот ракометар во својата кариера има настапувано и за поранешниот европски првак – Борац од Бања Лука, со овој клуб има играно на европска сцена во сезона 2021/22 и 2022/23.
Струга на седум одиграни натпревари успеа да оствари две победи, против Пролет и Радовиш, додека на останатите пет беше поразена.
Избраниците на Танески третиот сезонски триумф ќе го бараат овој викенд во Скопје кај тимот на Бутел.