Струга се екипира – Симоноски се враќа, Костов останува

Тимот на Струга ги одработува подготовките за пролетниот дел од сезоната во Супер лигата, во кој ќе се бори за опстанок.

Ново име во клубот е кружниот напаѓач Дарио Симоноски, кој се враќа дома откако низ кариерата играше за Куманово, Јуниор КВ, Охрид, Работнички, Металург Јуниор…

Тој ќе биде замена за Стефан Атанасовски кој си замина од Струга по една полусезона, откако дојде летоска.

Добра вест за навивачите на Струга е продолжувањето на соработката со десното крило Наум Костов, кој ќе остане и во пролетниот дел од сезоната.

Покрај Атанасовски, од Струга си замина и српскиот чувар на мрежата Александар Ѓурѓевиќ.