Струга преку Радовиш до втор сезонски триумф

Ракометарите на Струга во натпревар од 7. коло од Супер лигата на свој терен триумфираа над „фенерџијата“ Радовиш со 30:25 и се израдуваа на втората сезонска победа. Струга со денешниот триумф стигна со четири бодови на свое конто, се израмни со Куманово на табелата, додека Радовиш останува на дното.

Избраниците на Наум Танески добро го отворија натпреварот, поведоа си 4:1 во воведниот дел и до крајот на полувремето имаа активен резултат. Струга имаше неколку расположени ракометари за игра, постепено ја зголемуваше разликата во своја корист и во 20 минута дојде до дотогаш највисоките плус шест, 12:6.

Радовиш немаше идеја како резултатски да се доближи и на полувреме замина со негатива од 15:9. Овие ,,плус шест” за домаќините беа доволни за поголема психолошка предност во вториот дел, па така Струга за десет минути игра дојде до плус десет, 22:12.

Во преостанатите дваесетина минути гостите ја преполовија негативата и беа на минус четири до пет гола. Домашниот тим по фуриозниот налет на стартот на вториот дел како да позастана, но одработи доволно за втора сезонска победа.

Најефикасни во победничката екипа беа Богдан Мијушковиќ и Ненад Костоски со по седум погодоци, пет запиша Филип Мечкаровски. Кај Радовиш најефикасни, со по пет погодоци, беа Здравко Постолов и Ристе Атанасов.

ПозЕкипаНПРЛБ.
1АЛКАЛОИД11110022
2ВАРДАР 196111100120
3ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР1190218
4ОХРИД1180316
5БУТЕЛ1160512
6ТИКВЕШ 20141151511
7ПРОЛЕТ1142510
8ПРИЛЕП114169
9КУМАНОВО113086
10СТРУГА112094
11БИСИНОВ Ф. Л.111193
12РАДОВИШ1101101