Струга останува во Супер лигата – победи во баражот во Прилеп

Градот кој важи за ракометен расадник, Струга следната сезона ќе има суперлигаш, бидејќи екипата успеа да победи во баражот за опстанок. Во мечот на „се или ништо“ Струга на неутрален терен го победи вториот тим од Автокоманда 24-19 (12-12) кој беше второпласиран во Прва лига.

Како тим кој беше претпоследен во плејаутот, Струга мораше да игра бараж, а ривал беше вториот тим од Автокоманда кој беше второпласиран во Прва лига. Младите ракометари предводени од Миле Бочкароски во текот на сезоната играа и во младинското првенствот и во Прва лига, собираа искуство, но во клучниот момент кога требаше не успеаја да го направат чекорот кој им носеше пласман меѓу најдобрите.

Клучната предност која на Струга и донесе триумф беше направена на почетокот на второто полувреме кога „белите“ направија серија со која имаа плус 5 гола, 20-15. Потоа само се одржуваше предноста која им требаше на стружани.

Мечот почна со доминација на Струга, но гостите направија пресврт за водство 8-5. Тоа беше период во кој „сините“ најавија можност да бидат повторно суперлигаши. Но, реузултатот се “сврте“ и пак Струга водеше, Но, на полувреме се замина со ресултат 12-12.