Струга остана без Талевски за најважните битки

Тимот на Струга ќе мора да настапи без кружниот напаѓач Филип Талевски на најважните битки оваа сезона.

Tој скина лигаменти, беше опериран и сега му следува долг процес на рехабилитација, па ќе пропушти голем дел и од следната сезона.

Талевски дојде на полусезоната од Радовиш, а претхдно има настапувано за Алушовски, Еурофарм Пелистер 2 и Аеродром.

Тренерот Наум Танески нема да може да смета на неговите услуги за најважните натпревари оваа сезона – против Прилеп од плеј-аутот и евентуалниот бараж за опстанок во елитната конкуренција.