Струга на шопинг во Автокоманда – се засили со десно крило

По десниот бек Лазар Адамовиќ, тимот на Струга донесе уште едно ново засилување пред стартот на пролетниот дел од сезоната во Супер лигата.

Станува збор за десното крило Александар Стојков, кој доаѓа покрај езерото од Автокоманда.

Таму ги носеше дресовите на двата „сино-бели“ тимови, а последната полусезона ја мина во вториот тим, кој игра во прволигашката конкуренција.

Стружани пред крајот на есенскиот дел донесоа и босански голман – Огњен Остиќ, па полека го комплетираат ростерот.

Струга има шест бода досега и сосема извесно ќе биде дел од битките за опстанок во суперлигашкото друштво напролет.