Тимот на Струга го задржа еден од најперспективните млади ракометари од сопствената школа – Војо Клењоски.
И покрај тоа што има само 15 години, младиот талент потпиша четиригодишен професионален договор со струшкиот суперлигаш.
Со овој потег, клубот испраќа јасна порака дека гради стратегија врз база на сопствениот кадар и дека работи на развојот на млади играчи.
Од Клењоски, кој веќе се наметнува како еден од најистакнатите во својата генерација, во Струга имаат високи очекувања за иднината.